
Фудбалерот од средниот ред на Лајпциг, Дани Олмо, изразил желба пред раководството на клубот да биде продаден, тврдат германските медикуми. Шпанскиот репрезентативец сака да ја продолжи кариерата во Барселона.
Тој веќе ги договорил личните услови за враќање на „Камп Ноу“, но Лајпциг ја одби првата понуда на Барса”. Втората понуда, во вредност од 55 милиони евра, плус бонуси од 4 милиони евра, исто така не ги задоволува „црвените бикови”.
„Олмо има висока цена. Таа се зголеми поради неговите одлични настапи како наш фудбалер. Тој се развива одлично. Сите знаат за што е способен, а треба да ја знаат и неговата цена. Ако некој клуб сака да го привлече, треба да плати сума која одговара на квалитетите на Дани,” коментираше тренерот на Лајпциг, Марко Розе.
Германскиот клуб инсистира да добие минимум 60 милиони евра за Олмо, кој има договор до 2027 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
