
Арон Ван-Бисака многу веројатно ќе ја продолжи својата кариера во Вест Хем. Според медиумите на Островот, 26-годишниот десен бек ги договорил личните услови со „чеканите“.
Поранешниот младински репрезентативец на Англија ќе потпише договор до летото 2029 година.
Сепак, двата клуба допрва треба да се договорат за трансферната сума. Лондончани досега испратиле понуда од 10 милиони фунти, додека Манчестер Јунајтед бара 18 милиони фунти.
„Црвените ѓаволи“ го доведоа Ван-Бисака во 2019 година од Кристал Палас за 50 милиони фунти. Во пет сезони тој одигра 190 натпревари за 20-кратните шампиони, постигна два гола и забележа 13 асистенции. Во последната сезона, дефанзивецот одигра 22 натпревари.
Вест Хем исто така работи на финализирање на трансферите на Крисијансио Самервил од Лидс и на германскиот репрезентативец Никлас Фулкруг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
