Англискиот премиерлигаш Фулам испрати подобрена втора понуда за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Скот Мектoминеј. Новата понуда е во износ од 20 милиони фунти, откако „црвените ѓаволи“ веќе ја одбија првата, која беше во износ од 17 милиони.
Според англиските медиуми, 20-кратните шампиони нема да ја прифатат и оваа понуда, бидејќи го ценат Шкотланѓанецот повисоко. Јунајтед има поставено цена од 30 милиони за Мектoминеј, но се тврди дека веројатно клубот од „Олд Трафорд“ ќе се согласи на зделка од околу 25 милиони фунти.
Фудбалерот е согласен на таков трансфер, бидејќи сака да има сигурно место во првиот тим.
Добиената сума ќе биде чист профит за Манчестер Јунајтед, бидејќи Мектoминеј е продукт на клубот. Парите од неговата продажба ќе бидат искористени за ангажман на нов играч од средниот ред.
Минатото лето „црвените ѓаволи“ одбија 30 милиони фунти од Вест Хем за Шкотланѓанецот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski