Српскиот стручњак Иван Јовановиќ е новиот селектор на Грција. На страницата на Грчката фудбалска федерација (ЕПО) беше објавено дека новиот претседател Макис Гагацис одамна се договорил со тренерот да седне на клупата на тимот.
Ова е вторпат 61-годишниот тренер да добие шанса да води национален тим, откако во декември 2019 година се согласи да ги преземе Обединетите Арапски Емирати, но договорот пропадна поради коронавирусот.
Јовановиќ немаше работа од минатиот декември, кога го напушти Панатинаикос, за да биде наследен од Фатих Терим. Минатата сезона, со Јовановиќ, тимот на Панатинаикос до последен момент се бореше за шампионската титула.
Освен во Грција, тој има сериозно искуство и на Кипар, каде го водеше тимот на АПОЕЛ и освои четири шампионски титули и го одведе овој тим до четвртфиналето во Лигата на шампионите во сезоната 2011/12.
Првите негови натпревари на кормилото на Грција се во септември во Лигата на нации. Грците се во иста група на Лига Б заедно со Англија, Финска и Република Ирска, а првиот натпревар им е на 7 септември како домаќини на скандинавците.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













