Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд го официјализираше трансферот на Паскал Грос. 33-годишниот фудбалер од средниот ред се враќа во Бундес-лигата, откако имаше одлични настапи за англискиот премиерлигаш Брајтон.
„Со нетрпение го очекувам почетокот на мојата авантура во Боруија Дортмунд. Ова е огромна работа за мене бидејќи од дете сум навивач на Борусија, а сега ќе добијам шанса и да заиграм за мојот омилен клуб. Верувам дека ќе ја оправдам довербата на управата која инсистираше да ме донесе“, изјави Грос по потписот на договорот.
Паскал Грос потпиша двегодишен договор со Борусија Дортмунд, а претходно седум сезони го носеше дресот на Брајтон.
⚫️ Pascal Groß ist da! 🟡
— Borussia Dortmund (@BVB) August 1, 2024
Der BVB verstärkt sich im zentralen Mittelfeld mit einem deutschen Nationalspieler. Pascal Groß wechselt vom Premier-League-Klub @OfficialBHAFC zu den Schwarzgelben.
Zur Meldung:
🔗 https://t.co/auLLT4C6x4 pic.twitter.com/uKbVqrRRPg
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski