Connect with us

Ди Марија добил смртни закани и се откажал од враќање во матичниот клуб во Аргентина

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија (36) се откажал од трансферот во Розарио поради закани за убиство. Ди Марија неодамна се прости од репрезентацијата откако ја освои Копа Америка. Тој изјави дека сака да ја заврши кариерата во својот роден град по заминувањето од португалската Бенфика.

Сепак, се откажа од враќањето во Розарио поради заканите за убиство кои ги доби неговото семејство. Првите закани ги добил во март додека со репрезентацијата бил во САД. Потоа, неговата сестра на работа примила кутија во која имало свинска глава со куршум во челото.

„Во кутијата имаше и порака дека следната глава во кутијата ќе биде на мојата ќерка Пиа“, откри Ди Марија.


„Тие месеци беа ужасни, можевме само да седиме и да плачеме“, додаде тој.
Аргентинските власти заканите кои ги добил Ди Марија ги опишаа како обид за демонстрација на моќ од страна на криминалните организации во Розарио, каде што се зголеми насилството поврзано со дрога.

Поранешниот офанзивен играч на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед сега е слободен играч со оглед дека му истече договорот со Бенфика, а трансферот во Розарио пропадна, па ќе остане уште една сезона во португалскиот тим.


Ди Марија во Розарио ја започна кариерата, потоа играше за Бенфика, Реал, Јунајтед, ПСЖ и Јувентус, а од јули 2023 година повторно настапуваше за Бенфика.

Во дресот на аргентинската репрезентација има 145 настапи и постигна 31 гол, освојувајќи светска титула во 2022 година, две титули на Копа Америка во 2021 и 2024 година и олимписко злато во 2008 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови