
Пари Сен Жермен и Бенфика се договорија за трансферот на Жоао Невеш, при што францускиот шампион ќе плати 70 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите, за португалскиот репрезентативец, објавува весникот „Л’ Екип“. Дел од договорот ќе биде и Ренато Санчес, кој се враќа во Португалија и ќе игра во Бенфика на позајмица во следната сезона.
ПСЖ доцнеше со трансферот, но успеа да го финализира. Во следните денови Невеш треба официјално да потпише петгодишен договор со клубот од Париз.
19-годишниот Жоао Невеш е дефанзивен играч за врска и беше еден од најинтересните играчи на светскиот пазар.
Невеш е репрезентативец на Португалија, а беше дел од тимот за ЕВРО 2024 и играше во последниот натпревар од групната фаза, во поразот од Грузија со 0-2. И покрај неговата млада возраст, тој има 50 натпревари за Бенфика со четири постигнати гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)
