
Новиот член во Серија А, тимот на Комо, нема да застане тука со сериозните амбиции на трансфер пазарот, информираат италијанските медиуми. Тимот на Цеск Фабрегас веќе успеа да ги привлече Рафаел Варан и Пепе Реина, а сега го насочува внимание кон друго големо име, Мемфис Депај.
Холанѓанецот е слободен агент, бидејќи неговиот договор со Атлетико Мадрид истече на крајот од сезоната.
30-годишниот напаѓач веројатно ќе биде подготвен да ја разгледа понудата од Комо, ако во следните денови не добие некоја многу посериозна или поповолна финансиска понуда. Тој има богата кариера, носејќи ги дресовите на Манчестер Јунајтед, Барселона и на Атлетико Мадрид во различни периоди, што може да донесе дополнително искуство во италијанскиот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)
