
Англискиот репрезентативец Конор Галахер е пред трансфер во Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ водат конкретни преговори со Челси за доведување на играчот од средниот ред.
Се очекува зделката да биде вредна околу 40 милиони евра со бонусите. Ова е сумата која ја поставија лондончани и за која се подготвени да се разделат со играчот од средниот ред.
Галахер е на врвот на листата на Атлетико, како што беше откриено во мај, а сега работата се приближува до конечен договор.
Во минатата сезона, играчот од средниот ред беше клучен играч во составот на „сините“, но постојано имаше шпекулации за неговата иднина.
Интерес за него покажаа и Астон Вила и Тотенхем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)
