Виктор Осимен ќе ја продолжи својата кариера во Челси, а Ромелу Лукаку ќе го засили во Наполи. Доверливи извори од Островот откриваат дека Челси и Наполи изгледа го пронајдоа идеалното решение.
Виктор Осимен ќе ја помине следната сезона на позајмица во Челси, но со задолжителен откуп наредното лето, во случај „сините“ да се пласираат во Лигата на шампионите.
Наполи мораше да ги намали барањата, бидејќи преговорите со Пари Сен Жермен пропаднаа, но не е познато колку ќе треба Челси да плати наредното лето, што веројатно ќе биде и последниот детаљ од преговорите.
Ромелу Лукаку е дел од „трампата“, иако на хартија се работи за одделни зделки. Челси го процени Белгиецот на 20 милиони евра, но беше подготвен да го пушти по секоја цена, а тоа го искористи Антонио Конте.
Тој не сакаше да го има Осимен како незадоволен во тимот, а Лукаку е негов проверен играч, сѐ уште се свежи сеќавањата како заедно ја покорија Италија и го освоија „скудетото“.
Под водство на Конте во две сезони, 2019/20 и 2020/21, Лукаку постигна 34, односно 30 голови во сите натпреварувања, по што Челси одлучи да го врати за дури 110 милиони евра.
Сепак, Лукаку не успеа да се снајде кај Томас Тухел, одејќи на позајмици повторно во Интер, па во Рома, од каде сега и се врати во Лондон.
Изгледа дека ваквиот договор на Челси и Наполи е најдоброто решение за сите четири страни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













