Капитенот на националниот тим на Франција, Килијан Мбапе, стана мнозински акционер во Каен за нешто помалку од 20 милиони евра, соопшти весникот „Паризиен“.
Така, 25-годишниот Мбапе стана еден од најмладите сопственици на фудбалски клубови во Европа. Тој е косопственик на клубот од Нормандија, заедно со претседателот на Надзорниот совет, Пјер-Антоан Каптон, кој го поседува останатиот пакет од акциите.
Мбапе откупи и дел од долговите на Каен, за клубот да нема проблеми со финансиските власти во Франција. Каен ја заврши минатата сезона на шестото место во Лига 2.
Килијан Мбапе играше седум години во Пари Сен Жермен, станувајќи најдобар стрелец во историјата на клубот со 256 голови. По завршувањето на сезоната, францускиот напаѓач направи трансфер во Реал Мадрид, а на подготовките ќе се приклучи на 7 август.
Kylian Mbappé va devenir actionnaire majoritaire du Stade Malherbe de Caen, via la structure familiale qui gère ses affaires, à la place du fonds d'investissement américain Oaktree. https://t.co/MMEn3cz4cd pic.twitter.com/p02dgjpOUY
— L'ÉQUIPE (@lequipe) July 29, 2024
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski