Тимот на Фулам ќе го направи најскапиот влезен трансфер во клупската историја, откако се договори со Арсенал за ангажманот на офанзивниот играч за врска Емил Смит Роу, објавува „Скај Спортс”.
Договорот меѓу двата клуба е за 27 милиони фунти, плус уште 7 милиони во форма на бонуси.
Поранешниот англиски репрезентативец ги договорил за личните услови, а оваа недела ќе ги помине своите медицински прегледи и ќе им се придружи на новите соиграчи, кои се на претсезонски камп во Португалија.
За првиот тим на Арсенал, Смит Роу има одиграно вкупно 115 натпревари со 18 гола и 13 асистенции. Играчот кој вчера наполни 24 години, исто така имаше периоди на позајмица во Лајпциг (пролетта 2019 г.) и во Хадерсфилд (пролетта 2020 г.).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













