
Од Арсенал официјално го објавија трансферот на дефанзивецот Рикардо Калафиори, кој доаѓа од Болоња за сума од 45+5 милиони евра. Сепак, италијанскиот клуб ќе добие само половина од овие пари, бидејќи 50% од нив треба да одат на претходниот клуб на фудбалерот, а тоа е Базел.
Договорот на Калафиори со Арсенал е до летото 2029 година, и тој избра да го носи дресот со број „33“.
22-годишниот централен дефанзивец помина само една сезона во Болоња, играјќи 33 натпревари со два гола и пет асистенции. Со своите силни перформанси тој помогна Болоња да обезбеди историско учество во Лигата на шампионите. Неговите настапи за досегашниот тим му обезбедија прв повик за репрезентацијата на Италија, за кој одигра три натпревари како стартер на ЕВРО 2024.
There’s a new number 33 in town 👕
— Arsenal (@Arsenal) July 29, 2024
Shop the Calafiori look on Arsenal Direct now 🛍️
Калафиори не ја криеше својата радост од трансферот.
„Чувството е неверојатно. Имаше некои тешкотии, но конечно сум тука и немам трпение да почнам да тренирам со тимот и да играм за навивачите. Всушност, уште од 12-13 години сонував да играм во Премиер – лигата, бидејќи гледам какво е нивото на првенството и според мене тука се најдобрите фудбалери во светот. Ова е еден сон не само за мене, туку и за сите. Многу разговарав со менаџерот Микел Артета и со Еду, и тие ме убедија, иако јас и претходно знаев дека сакам да дојдам тука. Мислам дека ова е најдобриот проект за мене за следните неколку години и мислам дека ќе се подобрам како играч“, изјави Рикардо Калафиори.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако
