Италијанскиот калчолигаш Монца ќе го ангажира ветеранот Кејлор Навас како слободен играч, објавуваат италијанските медиуми. Легендарниот 37-годишен костарикански голман утре ќе ги помине задолжителните медицински прегледи.
Кејлор Навас е вистинска легенда на голманската позиција. Костариканецот е трикратен победник во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, трипати го освои и Светското клупско првенство со „кралскиот клуб“. Има и титула во Ла Лига во сезоната 2016/17 година, како и два трофеи од Суперкупот на Европа.
Со досегашниот клуб Пари Сен Жермен, ветеранот стана шампион трипати, а исто толку пати триумфира и во Купот на Франција.
Навас, кој минатата сезона одигра само шест натпревари за париските „светци“, учествувал и на три светски првенства со својата Костарика, а порано годинава објави дека се повлекува од националниот тим.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski