Наполи ќе се обиде да го привлече крилниот напаѓач на Бенфика, Давид Нерес, како замена за Јеспер Линдстром, кој замина во Евертон. Данецот прејде во составот на „карамелите“ на појзамица со опција за откуп за 22,5 милиони евра, а на „Диего Марадона“ брзаат да донесат играч на негово место, насочувајќи се кон 27-годишниот Бразилец, пишува “Газета дело Спорт”.
Новиот тренер на Наполи, Антонио Конте, инсистира на освежување на составот за новата сезона. Тој побара неколку нови играчи, вклучувајќи ги Били Гилмор од Брајтон и Марко Брешанини од Фросиноне. Меѓу посакуваните фудбалери е и Давид Нерес.
Играчот е заинтересиран за понудата на Наполи. Од Бенфика исто така нема да му прават големи пречки за евентуален трансфер, под услов да добијат понуда од околу 25 милиони евра.
Нерес пристигна во Бенфика од Шахтјор Доњецк во 2023 година за 15,3 милиони евра. Претходно имаше успешен период во Ајакс.
За Бенфика одигра 83 натпревари, постигнувајќи 17 гола и 26 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













