Борусија Дортмунд е блиску до ангажман на нов лев бек. „Жолто-црните“ се пред финализирање на трансферот на бразилскиот репрезентативец Јан Коуто.
Се очекува германскиот клуб да плати околу 25 милиони евра, со вклучени бонуси, на Манчестер Сити за правата на 22-годишниот фудбалер,
Коуто веќе ја прифатил понудата на Борусија и чека одобрение од „граѓаните“ за да патува во Дортмунд на медицински прегледи.
Минатата сезона Јан Коуто имаше клучна улога во одличниот настап на Џирона во Ла Лига. Тој играше на позајмица во каталонскиот клуб, за кој одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и асистираше дури десетпати.
Манчестер Сити го привлече дефанзивецот во 2020 година од Коритиба за 6 милиони евра.
Јан Коуто има одиграно четири натпревари и за националниот тим на Бразил.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













