Англискиот премиерлигаш Челси ги договори сите услови со Вилјареал за голманот Филип Јоргенсен, кој пристигнува на „Стемфорд Бриџ“.
Јоргенсен во моментот е на пат кон САД, каде што Челси се наоѓа на летната турнеја, и веднаш ќе се придружи на екипата на Енцо Мареска.
Тој ќе потпише договор до 2030 година, со можност за продолжување на соработката до јуни 2031 година.
Ова истовремено значи дека Ѓорѓе Петровиќ може да го планира своето заминување од Лондон. Србинот сега повторно е опција за Џенова, откако Давид де Хеа постави преголеми барања за италијанскиот тим.
Петровиќ минатото лето пристигна во Челси и бранеше добро откако се повреди Роберт Санчез, но новиот менаџер Енцо Мареска побара нов голман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













