
Вест Хем размислува да започне правен спор против ФА на Англија поради потенцијалната доживотна суспензија на Лукас Пакета, информираат медиумите на Островот. Бразилскиот фудбалер е обвинет за манипулирање на пазарите за обложување со намерно добивање жолти картони во четири натпревари од Премиер – лигата против тимовите на Лестер, Астон Вила, Лидс и на Борнмут.
Овие негови дејствија можат да му донесат доживотна забрана за играње фудбал, објавија британските медиуми пред неколку недели.
Раководството на „чеканите“ ги разгледува можностите да се обратат до Спортскиот арбитражен суд во Лозана и на тој начин да ја стопираат истрагата на ФА и последовните дејствија на фудбалската централа. Клубот размислува да ја искористи можноста да ја „постави под прашање надлежноста на ФА во овој случај“.
Токму овие обвиненија доведоа до конечно пропаѓање на трансферот на играчот во Манчестер Сити. „Граѓаните“ беа сериозен кандидат за неговиот потпис пред една година, кога беа подготвени да понудат над 80 милиони фунти. Фудбалерот ќе има можност да игра во дресот на Вест Хем до донесувањето на конечната одлука.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
