Connect with us

Ништо од Де Хеа во Џенова: Шпанецот барал плата како да е во Манчестер Јунајтед

Давид Де Хеа и понатаму ќе биде слободен на пазарот, бидејќи не успеа да постигне договор со Џенова. Поточно, стопирани се преговорите поради преголемите барања на шпанскиот голман.

„Скај Спорт“ пренесува дека преговорите се одвивале во добар правец, дека Де Хеа бил заинтересиран да дојде на северот на Италија, но, сепак, побарал преголема плата за стандардите на Џенова.

Де Хеа одби многу понуди од Саудиска Арабија затоа што сакаше да остане во Европа, но како што стојат работите засега, Џенова нема да биде опција.

Де Хеа многу веројатно ќе мора да ги намали своите барања ако сака да се врати меѓу стативите по една година. Тој е без клуб откако минатото лето го напушти Манчестер Јунајтед како слободен агент.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови