Connect with us

Рома доведе лев бек од Шведска

Од Рома официјално го објавија ангажманот на левиот бек Самуел Дал, кој пристигнува од Ѓургарден. Претпоставената вредност на трансферот е 4 милиони евра плус бонуси, а шведскиот клуб ќе добие 10% од следната продажба на играчот, кој потпиша петгодишен договор со својот нов клуб.


21-годишниот дефанзивец ќе го носи дресот со број „26“ во составот на „џалоросите“. Тој помина само една година во својот претходен тим, за кој одигра вкупно 37 настапи и забележа шест асистенции.

Исто така, на почетокот на оваа година младиот фудбалер дебитираше за националниот тим на Шведска.

„Првите мои впечатоци се навистина добри и многу сум среќен што сум тука. Му благодарам на сопственикот на Рома за овозможувањето на оваа прилика. Имам големи очекувања. Знам дека ова е клуб кој сака да победува. Секако, посакувам да играм што повеќе, да му помагам на тимот максимално и да остваруваме победи. Знам дека ова е огромен клуб во Европа со голема историја и многу добри играчи и тренер. Ова е неверојатен клуб за кој сум слушнал само добри работи“, изјави Самуел Дал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови