Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изрази жалење за нарушените претсезонски подготовки на тимот поради големиот број отсутни играчи кои настапуваа на турнирите на националните тимови ова лето. Сепак, тој го истакна своето задоволство што многу млади фудбалери на клубот добиваат шанса да се наметнат во натпревари како пријателскиот натпревар со Милан, кој „граѓаните“ го загубија со 2-3.
„Навистина е добро да гледаме како нашите млади фудбалери играат против тимови како Селтик и Милан. Тоа се врвни, врвни тимови со искусни играчи. Така што, ова е врвно искуство за нашиот развој и за академијата воопшто. Можеме да видиме како се претставуваат и се развиваат. Овие натпревари се фантастични и навистина е добро да ги гледаме во нив, бидејќи за време на сезоната е тешко остварливо. Сега можеме да видиме како се однесуваат, каков е нивниот карактер“, изјави Пеп Гвардиола.
Потоа се осврна на главниот проблем. Најголем дел од првотимците не се со Манчестер Сити на турнејата.
„Нарушените подготовки на основните играчи? Таква е ситуацијата. Ова не се случува првпат, туку е така веќе 6-7 години наназад. Секогаш е исто. Би сакал да имаме нормални подготовки, но тоа е невозможно. Вреди да се има Европско првенство и националните тимови да играат. Секој организација како ФИФА и УЕФА ги штити своите турнири и продукти. Така што, тоа е ситуацијата. Ќе имаме добар состав кога играчите ќе се вратат. Исто така, имаме овде 4-5 интересни играчи, во случај да ни требаат. Така што, продолжуваме напред. Еве, минатата сезона имавме успеси, иако програмата за подготовки ни беше идентична како оваа година“, коментираше Гвардиола по поразот од Милан.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski