
Англискиот премиерлигаш Арсенал е сериозно заинтересиран да го донесе во своите редови играчот од средниот ред на Бока Јуниорс, Езекиел Фернандез, тврди “Болавип”.
Микел Артета бара нов играч за средината на теренот, а 22-годишниот Аргентинец е последниот кој го привлекол неговото внимание.
Привлекувањето на нов дефанзивен играч за врска на „Емирати“ е важно, бидејќи се очекува Томас Парти да замине ова лето, а иднината на Жоргињо исто така не е сигурна. Затоа, Фернандез би бил добра опција, особено затоа што е многу млад и ќе може долгогодишно да го носи дресот на „топчиите“.
И самиот фудбалер е силно заинтересиран за интересот од Лондон. Тој со радост би играл во Премиер – лигата, особено во еден од водечките клубови. Се очекува тој брзо да постигне договор со „топчиите“ за личните услови.
Од Бока Јуниорс не сакаат да се разделат со еден од своите важни играчи, но веројатно нема да го спречат, ако пристигне доволно атрактивна понуда. Се претпоставува дека сума од околу 25 милиони евра би ги задоволила аргентинскиот великан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
