Connect with us

Вест Хем сака да го доведе Арон Ван-Бисака

Вест Хем размислува да го донесе во својот тим дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака. „Чеканите“ работат напорно на својата селекција за новата сезона и следната задача е зајакнување во десната зона на одбраната. Токму поради тоа, клубот го насочи својот поглед кон 26-годишниот Англичанец.

Првично, Вест Хем беше фокусиран кон дефанзивецот на Баерн Минхен, Нусер Мазрауи. Сепак, двата клуба не успеаја да се договорат и затоа „чеканите“ ќе ги пренасочат своите напори кон Ван-Бисака.

Во Манчестер Јунајтед се подготвени да се разделат со овој фудбалер, кој очигледно не влегува во плановите за новата сезона на менаџерот Ерик тен Хаг. На „Олд Трафорд“ дури и веќе му бараат замена. Се смета дека „црвените ѓаволи“ се подготвени да го пуштат со понуда од околу 15 милиони фунти.

Ван-Бисака пристигна во Манчестер Јунајтед во 2019 година од Кристал Палас за 55 милиони евра. Тој има 190 натпревари за „црвените ѓаволи“, и освои ФА Куп и „Карабао Куп“.


Интерес за него има и од Галатасарај и неговиот поранешен клуб Кристал Палас.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови