
Подготвителните натпревари само што започнаа, а веќе се редат проблеми за менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг.
Благодарение на чудните правила на турнирот во Америка, Манчестер Јунајтед по пенали го победи Арсенал иако во 90 минути беше поразен. Меѓутоа, она што фрла посебна сенка на тој дуел се две повреди за „црвените ѓаволи“ и тоа на Расмус Хојлунд, а потоа и на новото засилување вредно 70 милиони евра од Лил, Лени Јоро.
„Мораме да почекаме 24 часа, тогаш ќе знаеме повеќе. Мораме да бидеме внимателни, особено со Лени кој одработи само 50 проценти од тренинзите. Многу разочарувачки. Мораше да излезе, но ајде да бидеме позитивни и да видиме што ќе се случи“, изјави Ерик тен Хаг.
Лени Јоро наводно го повреди скочниот зглоб, додека Хојлунд имал потешкотии со задната ложа на мускулот.
Новата сезона во Премиер – лигата започнува на 16 август и ја отвора токму Манчестер Јунајтед кога ќе го нагости Фулам на „Олд Трафорд“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
