
Италијанскиот калчолигаш Милан во пријателски натпревар во Њујорк, го победи англискиот првак Манчестер сити со 3-2, додека Арсенал во Инглвуд беше подобар од Манчестер Јунајтед со 2-1.
„Граѓаните“ го запишаа вториот пораз на американската турнеја, по поразот (3-4) против шкотскиот првак Селтик. Норвежанецот Халанд во 19. минута го доведе Манчестер сити во водство, но до полувремето Милан имаше предност по двата гола на Лоренцо Коломбо, во 30. и во 34. минута.
Мекати во 55. минута израмни на 2-2, а победата на Милан ја обезбеди Насти со голот во 78. минута.
Арсенал во Инглвуд со 2-1 го победи Манчестер јунајтед, кој поведе со голот на Расмус Хојлунд во 10. минута.
Габриел Жесус израмни во 26. минута, додека победата на Арсенал ја обезбеди уште еден Бразилец, Габриел Мартинели.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
