
Килијан Мбапе конечно во овој трансферен период пристигна во Реал Мадрид. Она што со години се очекуваше, беше реализирано откако на францускиот напаѓач му истече договорот со Пари Сен Жермен, па како слободен играч пристигна на „Сантјаго Бернабеу“.
Реал за потпишувањето на договорот на играчот му уплати 100 милиони евра, а годишната плата на Килијан Мбапе ќе биде бруто 31,2 милиони евра.
Тоа е голем финансиски залак дури и за Реал Мадрид. Порталот „Воспопули“ пишува дека клубот непосредно пред исплатата на првата плата подигнал кредит во износ од дури 130 милиони долари. Тоа го направил во банка со која преговараат веќе половина година, бидејќи веќе ѝ должат околу 400 милиони евра, а кредитниот рејтинг им паднал, што го нарекуваат ризично и опасно работење.
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал во моментот на доведувањето на Мбапе имал „само“ 82 милиони евра на сметката, како пари за тековни операции. Тие пишуваат и дека тоа е најмалку во „кралскиот клуб“ во последните 20 години.
Реал Мадрид мора да ги задоволи двата финансиски фер-плеја – за Ла Лига и оној кој го наметнува УЕФА. Поради тоа му треба многу маневарски простор и пари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
