
Англискиот вицешампион Арсенал повторно го засили својот интерес за голгетерот на Наполи, Виктор Осимен. Нигерискиот напаѓач претходно се поврзаше со Челси, но „топчиите“ се тие кои веќе преземаат конкретни чекори за да го привлечат во Лондон.
Осимен постигна 76 гола на 133 натпревари за Наполи, откако се приклучи од Лил во јули 2020 година и му помогна на клубот да ја освои првата титула во Серија А по повеќе од три децении.
Потребата на Арсенал од типична „деветка“ е јасна и Микел Артета го посакува Осимен. Сепак, тоа воопшто не е лесна мисија, да се доведе Нигериецот ова лето.
И понатаму Пари Сен Жермен е во сериозна игра за неговиот потпис, иако Наполи ја одби нивната првична понуда. Ставот на „наполитанците“ е јасен, кој ќе сака да го купи Осимен ќе мора да ја плати откупната клаузула на Нигериецот во износ од 130 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
