
Европскиот клупски првак Реал Мадрид го претстави своето ново засилување Ендрик. Бразилецот е еден од најдобрите млади напаѓачи во светот.
Тој пристигнува со трансфер од Палмеирас во вредност од 35+25 милиони евра, со договор на 3+3 сезони. Младиот талент избра да го носи дресот со број „16“ во „кралскиот клуб“.
Новиот фудбалер на Реал Мадрид беше претставен од претседателот на клубот, Флорентино Перез.
„Сега го претставуваме еден од талентите кои ќе играат важна улога во сегашноста и иднината на фудбалот. Чекавме да наполни 18 години за да го донесеме. Еден играч кој веќе ги возбудува љубителите на фудбалот. Драг Ендрик, ова е моментот за кој си сонувал уште како дете. Денес си тука со твоето семејство и девојката ти. Тие сакаат да те придружуваат по патот по кој ќе чекориш со најдобрите навивачи на светот. Иако си многу млад, доаѓаш со импресивна педигре, две титули на Бразил, еден Суперкуп и две национални титули на Сао Паоло, и тоа со еден од омилените тимови како Палмеирас. Ти стана една од ѕвездите што се издигнуваат во светскиот фудбал. Горди сме што те пречекуваме во ова големо семејство“, изјави Флорентино Перез.
👕 @Endrick 👕#WelcomeEndrick pic.twitter.com/tZaGzRVdud
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) July 27, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Пелистер се раздели со Срѓан Захариевски

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи
