
Баерн Минхен испрати нова понуда за една од главните цели за летниот трансферен период, Џонатан Тах. Баварците понудиле 20 милиони евра, плус уште 5 милиони во форма на бонуси на Баер Леверкузен, открива „Скај Германија“.
Германскиот репрезентативец е силно посакуван од страна на баварците, а и тој самиот сака да премине на „Алијанц Арена“. Тах има договор уште за една сезона и веќе ги информирал „фармацевтите“ дека нема да го обнови.
Сепак, спортскиот директор на Баер Леверкузен, Симон Ролфес, смета дека новата понуда на Баерн за Џонатан Тах е сè уште прениска. Според Ролфес, сумата што клубот ја бара е пакет од 30 милиони евра (25 милиони загарантирани, плус 5 милиони бонуси).
Преговорите меѓу двата клуба продолжуваат и евидентно е дека зделката сепак ќе биде склучена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
