
Сѐ поголема е веројатноста Федерико Киеза да ја продолжи својата кариера во Тотенхем. Според информациите на „Тутоспорт“, раководството на англискиот премиерлигаш е подготвено да понуди 35 милиони евра на Јувентус за италијанскиот репрезентативец.
Не е тајна дека Киеза одбива да го продолжи својот договор, кој истекува следното лето. Ова го принудува Јуве да бара купувач за него, за да не го изгуби како слободен агент.
Интер, Рома и Наполи се меѓу клубовите што сакаат да го привлечат крилниот напаѓач, но шансата тој да остане во Италија е минимална.
Преговорите со Тотенхем веќе се во тек. Менаџерот на тимот од Северен Лондон, Анге Постекоглу, е голем обожавател на Киеза поради неговата способност да игра „еден на еден“ со противничките одбранбени играчи.
Фудбалерот исто така ја гледа како добра перспектива можноста да стане дел од Премиер – лигата.
Киеза во моментот се подготвува индивидуално во Торино, бидејќи не замина со своите соиграчи на претсезонскиот камп во Германија. Новиот тренер на Јувентус, Тијаго Мота, го сака 26-годишниот играч во својот состав, но не зависи сѐ од него.
Минатата сезона Киеза одигра 35 натпревари во Серија А, постигна девет гола и забележа две асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
