Англискиот премиерлигаш Арсенал тргнува по потписот на еден од хероите на Шпанија на Европското првенство. Менаџерот Микел Артета сака во својот тим да го има Микел Мерино, фудбалерот за врска кој го постигна победничкиот гол за Шпанците во продолженијата против Германија (2-1) на ЕВРО 2024.
Фокусот на Арсенал досега беше на завршување на трансферот на Рикардо Калафјори. Откако тоа се реши, сега се насочува кон шпанскиот репрезентативец Микел Мерино и се очекува да достави понуда до Реал Сосиедад од 50 милиони евра.
За Микел Мерино е заинтересирана и Барселона, но засега работите во каталонскиот гигант одат бавно, а имаат и неколку приоритетни трансферни цели, како Нико Вилијамс и Дани Олмо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













