
Саудскиот клуб Ал-Итихад се откажа од намерата да го купи голманот на Манчестер Сити, Едерсон, и се фокусира на голманот на репрезентацијата на Србија, Предраг Рајковиќ, тврди „Марка“.
„Граѓаните“ барале 55.000.000 евра обесштетување за Едерсон, што арапскиот клуб не сакал да го плати, па во наредните денови ќе работат на доведување на 28-годишниот чувар на мрежата на Мајорка.
Доаѓањето на новиот тренер Лоран Блан ќе означи и одредени промени во тимот, кој вчера се засили со Муса Дијаби во трансфер вреден 60.000.000 евра од Астон Вила.
За клубот од Џеда веќе настапуваат Карим Бензема, Н’Голо Канте, Жота и Луис Филипе.
Рајковиќ, во случај на преселба на Блискиот Исток, би станал трет репрезентативец на Србија кој настапува за некој тим од Саудиска Арабија, после Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кои играат за Ал-Хилал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
