Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед има сериозна намера да го ангажира играчот од средниот ред на ПСЖ, Чави Симонс, објавува каталонски „Спорт“.
„Црвените ѓаволи“ се подготвени да платат 100 милиони евра за 21-годишниот Холанѓанец, што е 30 милиони повеќе од понудата на Баерн Минхен за овој фудбалер.
Во исто време, ПСЖ размислува за можноста да го испрати играчот уште една сезона на позајмица во Лајпциг.
Чави Симонс прејде во ПСЖ во јули 2019 година. Договорот на играчот со парискиот клуб е до крајот на јуни 2027 година.
Во сезоната 2023/24, Холанѓанецот, кој играше како позајмен за бундеслигашот Лајпциг, постигна 10 голови и забележа 15 асистенции во 43 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













