Саудискиот клуб Ал-Итихад активно ја разгледува можноста да го ангажира голманот на Манчестер Сити, Едерсон. Бразилецот исто така сака трансфер во Саудиска Арабија и веќе ги имаше договорено личните услови со Ал-Наср пред неколку недели, но преговорите на крајот пропаднаа.
Двата клуба веќе одржале почетни разговори, но сè уште се далеку од договор.
„Граѓаните“ ќе бараат помеѓу 50 и 60 милиони евра за еден од најважните играчи во нивниот состав. Едерсон е дел од тимот на Манчестер Сити од летото 2017 година, кога за него беа платени околу 40 милиони евра на Бенфика.
Со Манчестер Сити, тој веќе успеа да освои шест титули во Премиер – лигата, еден трофеј во Лигата на шампионите, два пехари во ФА Купот и четири во Карабао Купот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













