Иван Ракитиќ е нов играч на Хајдук. Поранешниот фудбалер на Севилја, Барселона и прославен хрватски репрезентативец, кој го напушти саудискиот Ал Шабаб, потпиша договор на две години со сплитските „били“,
Хајдук објави видео за лансирање на „Ракета“, што е прекарот под кој е најпознат Ракитиќ.
„Хјустон, немаме проблем. Имаме решение“, пишува на крајот од снимката за лансирање на ракетата. Ракитиќ пристигнува во Сплит во текот на денешниот ден и ќе биде свечено претставен на конференција за медиуми чиј почеток е закажан за 19.30 часот во Белиот салон.
На „Пољуд“ стигна играч кој со Барселона освои четири Ла Лиги и Копа дел Реј, кој постигна гол во финалето на Лигата на шампионите за победа и за еден од најголемите клубови одигра дури 310 натпревари. Барселона го вклучи меѓу своите легенди. Легенда е и во Севилја, која како капитен ја водеше до два трофеи во Лига Европа.
Ракитиќ беше избран во идеалните тимови на сите тие натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













