
Виктор Осимен би можел да го реализира најскапиот трансфер во овој летен преоден рок. Одличниот нигериски напаѓач на Наполи ги договори личните услови за соработка со Пари Сен Жермен, и сега останува само францускиот првак да ја договори висината на трансферот со италијанскиот клуб.
Осимен во минатата сезона постигна 15 гола во 25 натпревари за Наполи, а сезоната претходно дури 26 гола во 31 натпревар во Серија А, водејќи го Наполи до титулата.
Тој е проценет на 120 милиони евра, а Наполи има отштетна клаузула од 130 милиони евра со Нигериецот.
Осимен со ПСЖ договорил петгодишна соработка со плата од 14 милиони евра по сезона.
Се очекува ПСЖ да му понуди на Наполи 100 милиони евра и еден играч.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
