Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од една позиција на најновото издание на ФИФА ранкингот. „Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 72. позиција на листата на ФИФА.
Падот се должи на напредокот од четири позиции на селекцијата на Грузија која се најде на 70. место откако имаше одлични настапи на ЕВРО 2024.
На првото место и понатаму е светскиот првак Аргентина, пред Франција, а на третата позиција сега е новиот европски шампион Шпанија, кој напредуваше за пет позиции. Потоа следува финалистот Англија, додека на петтото место падна селекцијата на Бразил.
Во Топ 10 се уште и Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













