Connect with us

Јоаким Лев е најновиот кандидат за селектор на Англија

Поранешниот селектор на Германија, Јоаким Лев, се интересира за можноста да го наследи Герет Саутгејт на чело на Англија, објавуваат медиумите на Островот.

Саутгејт поднесе оставка по загубенотo финале на ЕВРО 2024, и моментално Фудбалската асоцијација ги разгледува опциите за нов селектор.

Во јавноста се споменуваат многу имиња, меѓу кои најчесто Пеп Гвардиола и Јирген Клоп. Меѓутоа, во моментот и двајцата се дистанцираат од шпекулациите. Гвардиола сè уште има договор со Манчестер Сити, додека поранешниот тренер на Ливерпул категорично објави дека ќе земе пауза од фудбалот за одредено време.

Јоаким Лев, пак, е без работа од осминафиналето на ЕВРО 2020, кога Германија беше елиминирана од Англија по поразот со 0-2 на „Вембли”.

Лев има исклучително искуство на национално ниво, водејќи ја репрезентацијата на Германија цели 15 години, а во 2014 година ја водеше Германија до светската титула.

Како селектор на Германија, Лев заработуваше само 2,5 милиони евра годишно, додека платата на Саутгејт во Англија беше над 5 милиони евра. Поранешниот селектор на Германија сериозно би ја разгледал можноста да ја преземе селекцијата на гордиот Албион.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови