Иван Ракитиќ до крајот на оваа недела ќе стане нов фудбалер на Хајдук Сплит, ексклузивно јавува хрватскиот портал „24 сата”.
Еден од најдобрите хрватски фудбалери на сите времиња, кој во текот на својата кариера играше за европски гиганти како Барселона, со која ја освои Лигата на шампионите, ќе ги помине медицинските прегледи и ќе го облече „билиот“ дрес.
35-годишниот фудбалер успеа да ги реши сите административни проблеми со актуелниот клуб Ал Шабаб од Саудиска Арабија, а одамна ги договори сите детали со Хајдук за доаѓање во Сплит.
Фудбалерот за врска успеа да го раскине договорот со Саудијците кој ќе го држеше незадоволен во Ал Шабаб уште една година, се откажа од ветените милиони и ја оствари својата голема желба.
Ракитиќ во Хајдук Сплит ќе го носи дресот со број „10“ и ќе биде главната надеж на новиот тренер Џенаро Гатузо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













