Францускиот првак Пари Сен Жермен успеа да ги договори личните услови со 19-годишниот фудбалер на Бенфика, Жоао Невеш, кој важи за еден од најголемите таленти во светскиот фудбал.
Сепак, преговорите со португалскиот клуб за отштетата веројатно нема да бидат лесни.
Во договорот на Невеш постои откупна клауза од 120 милиони евра, а Бенфика не сака да ја намали.
Според „Ле Паризиен”, ПСЖ веќе испратил понуда значително помала од 120 милиони евра, која била одбиена од португалскиот клуб.
Жоао Невеш игра како централен играч за врска и одлично би се вклопил со Витиња и Мануел Угарте, кои веќе се дел од тимот на тренерот Луис Енрике.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













