
Атлетико Мадрид е решен сериозно да засили својот напад за новата сезона. Диего Симеоне и раководните луѓе сакаат да добијат квалитетен напаѓач ова лето и ги насочија своите погледи кон Хулиан Алварез од Манчестер Сити.
Во последниве денови се појавија информации дека 24-годишниот Алварез не е задоволен со својот статус како резерва зад Ерлинг Халанд во Манчестер Сити и побарал трансфер. Менаџерите на „граѓаните” планираат да се сретнат со него и неговиот агент веднаш по завршувањето на Копа Америка, за да се обидат да го решат неговото незадоволство.
Алварез има валиден договор со Сити до 2028 година, а Пеп Гвардиола го смета за важен дел од својата ротација и не би сакал да се раздели со него. Но, ако играчот настојува да го напушти клубот, може да се случи негов трансфер, под услов клубот да добие сериозна понуда, веројатно во износ од околу 100 милиони евра.
Хулијан Алварез откако пристигна во Манчестер Сити во 2022 година, за тимот има 103 настапи, на кои постигна 36 голови и забележа 18 асистенции. Атлетико Мадрид може да се соочи со сериозна конкуренција за потписот на играчот, вклучувајќи ги Пари Сен Жермен, Челси, Арсенал и Баерн Минхен, ако тој стане достапен на пазарот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
