
Бесарт Ибраими, кој постигна два гола на првиот натпревар во Братислава, се надева на многу подобар исход на денешниот реванш (17 часот) против Слован Братислава во првото квалификациско коло на Лигата на шампионите.
Македонскиот шампион Струга Трим Лум се соочува со тешка задача по резултатот од првиот натпревар, но има силна верба дека може да ја надомести негативата од два гола (4-2) на денешниот дуел на стадионот „Билјанини извори“, а се надева дека овојпат и среќата ќе ги послужи.
„Добро ја анализиравме претходната средба, гостувањето против Слован Братислава, и веруваме дека нема да ги повториме истите грешки, туку ќе ги минимизираме и се надеваме дека овојпат среќата ќе биде на наша страна. И покрај двата гола негатива, силно веруваме во позитивен резултат“, вели Бесарт Ибраими.
„Не е важно денеска кој ќе биде стрелец, најважно е тимот да ја оствари целта, а ние посакуваме пласман во следната рунда од квалификациите во елитното натпреварување“, истакна искусниот напаѓач.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
ПСЖ тргнува по потписот на Родриго
