
Пари Сен Жермен има сериозен интерес за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. Францускиот шампион прави сè што е можно за да го донесе Нигериецот во своите редови и во моментов се разгледуваат различни опции за реализација на трансферот со „партенопеите“, објавува „Скај Италија“.
Од Наполи досега се категорични дека нема да ја пуштат својата ѕвезда за сума помала од онаа која е наведена во неговиот договор. Отштетната клаузула е поставена на 130 милиони евра.
Од ПСЖ ќе се обидат да ја намалат цената, при што се подготвени да вклучат неколку свои играчи во зделката. Меѓу нив се Карлос Солер, Норди Мукиеле и Канг-Ин Ли. Во овој момент, сепак, само последниот претставува интерес за Наполи, а во клубот генерално преферираат директна продажба ако треба да загубат еден од своите најдобри играчи.
Агентот на Осимен, пак, исто така се обидува да помогне во реализацијата на трансферот меѓу двата клуба. Тој бил забележан во Париз во последните денови и речиси сигурно имал разговори со раководството на ПСЖ.
Инаку, за Осимен има интерес и од други клубови, како Арсенал и Челси. Во последните четири сезони во дресот на Наполи, 25-годишниот Нигериец има одиграно 133 натпревари, постигнато 78 голови и остварено 18 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти
