Луис де ла Фуенте го освои Европското првенство со Шпанија, а претходно и Лигата на нации, откако ја презеде селекторската позиција на сениорската селекција. Пред тоа ги водеше младите категории и успешно продолжи со истиот пристап во сениорскиот тим, истакнувајќи го значењето на системот и долгорочната работа.
„Резултатот не е најважен, важен е целиот процес. Овие млади луѓе се пример за општеството, треба да ги цениме како вредни спортисти. Резултатот е производ на планиран, долгорочен труд. На крајот, доаѓаат успесите како плод на то што целиот процес функционира како што треба“, објасни 63-годишниот Де ла Фуенте.
Шпанскиот селектор призна дека Англија не беше најтешкиот противник на неговиот тим на ЕВРО 2024.
„Кога размислувате за патот, размислувате за тоа што уште може да се извлече од овој тим. Можеби Германија беше најтешкиот ривал, тоа беше многу тежок натпревар. Моравме да се справиме со нивната фантастична сила. Во секој случај, моравме да забележиме седум победи за да стигнеме до пехарот“, истакна селекторот на Шпанија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













