Селекторот на Англија, Гeрет Саутгејт, изрази разочарување откако неговиот тим загуби од Шпанија (1-2) во финалето на ЕВРО 2024, но ја призна супериорноста на противникот во текот на целиот турнир.
„Мислам дека Шпанија беше најдобриот тим на турнирот. Не успеавме да задржиме топката доволно долго, што беше потребно за успех против Шпанците. Во последните десетина минути тие имаа неколку шанси и успеаја да стигнат до победата. Многу ми е жал за момците, кои беа фантастични“, изјави Саутгејт.
Тој ги пофали настапите на своите фудбалери на првенството и избегна да одговори дали ќе остане на селекторското место во иднина.
„До полувремето не им дозволивме почти никакви шанси на противникот. Не успеавме да го задржиме тоа ниво во текот на целиот натпревар. Мојата иднина? Сега не е моментот да ја коментираме оваа тема. Ќе разговарам со луѓето од федерацијата, но прво ќе си дадам малку време. Нашиот тим покажа карактер и не се предаде во ниту еден натпревар“, истакна Саутгејт.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski