Капитенот на Англија, Хари Кејн, е неверојатно амбициран да ја освои европската титула со гордиот Албион. Тимот на Гарет Саутгејт ќе игра во вечерашното финалe (21 часот) на „Олимпијаштадион“ во Берлин против Шпанија.
„Се сеќаваме на претходното финалe, се сеќаваме колку тешко ни беше после него и не сакаме тоа да се повтори“, призна Кејн, враќајќи се на поразот од Италија во 2021 година.
„Кога си на чекор од остварување на твојот сон и загубиш, е двојно понепријатно. Овој трофеј би значел сè за секој од нас. Го велам ова без претерување. Да освоиш голем турнир со националниот тим е врвот на кариерата за секој фудбалер“, потенцира капитенот на Англија.
„Ми се чини дека медиумите премногу го истакнуваат тоа што немам трофеј во мојата кариера. Можеби некои го прават тоа со цел за дополнителна мотивација, но јас добро разбирам што би значело за мене и за нашата земја освојувањето на европската титула. Информирани сме за еуфоријата во Англија, но, сепак, не можеме целосно да разбереме што се случува дома. Би било прекрасно да бидеме дел од сето тоа“, додаде Хари Кејн.
Ready to give it absolutely everything 🦁🦁🦁 pic.twitter.com/B0zVl8hwwA
— Harry Kane (@HKane) July 13, 2024
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski