Connect with us

Де ла Фуенте: Шпанија не е фаворит, а финалето ќе го решат малите детали

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, очекува голема и неизвесна битка во утрешното финале на ЕВРО 2024 против Англија. „Црвената фурија“ импресионираше со своите настапи од почетокот на турнирот, но искусниот стратег е свесен дека тоа не гарантира ништо во борбата за титулата.

„Смирени сме и со нетрпение го очекуваме натпреварот. Штом овие два тима стигнале до финалето, значи тие се најдобрите на турнирот“, изјави Де ла Фуенте на прес-конференцијата во Берлин.

„Дуелот ќе биде решен од мали детали. Кој ќе направи помалку грешки, ќе победи. Ние се концентрираме на тоа како да ги контролираме натпреварите. Ако не сме целосно концентрирани, немаме многу шанси. Утре нема фаворит“, потенцираше шпанскиот селектор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови