
Педри го почна Европското првенство како стартер во тимот на Шпанија и еден од адутите на Луис де ла Фуенте, но нема да има шанса да игра во финалето против Англија в недела. Играчот за врска имаше несреќа да добие повреда во четвртфиналниот дуел со Германија, која ќе го држи надвор од терените од 4 до 6 недели.
Независно од тоа, тој остана со своите соиграчи од националниот тим и ќе биде на трибините на “Олимпијаштадион” во Берлин.
„Различно е, бидејќи не можам ниту да играм, ниту дури да тренирам,“ изјави Педри за веб-страницата на Шпанската фудбалска федерација.
„Но, се обидувам да им помогнам на момците, охрабрувајќи ги во секој момент и давајќи им совети. Во претходниот натпревар гледав од трибините заедно со казнетите Карвахал и Ле Норман. Се чувствуваш беспомошно, бидејќи нема што да направиш. Но, јас сум сигурен дека сите ќе го дадат својот максимум во финалето. Ајде момци, направете ме европски шампион“, истакна играчот на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
