
На Западот има ново. Почнува пролетта. Лидерот Скопје е седум чекори напред пред Велешта и пред Гостивар и тргнува во јуриш по прволигашка промоција. Тренерот Љупчо Марковски Калц донесе и неколку засилувања, доби на квалитет и на искуство со Кировски, Настевски, Десниќ и останатите, па сега останува да потврди дека есенските одлични изданија не се заборавени.
Гостивар влезе со големи амбиции, но имаше многу турбуленции на крајот од есента, па сериозно доцни зад Скопје. Пријатно изненадување е Велешта, која се засили во зимскиот преоден рок и можеби ќе биде уште подобра во пролетниот дел од шампионатот.
Остануваат единаесет кола, а ќе биде интересно и во битката за опстанок. Тетекс сака и понатаму да биде дел од второлигашката конкуренција, дури ниту Дрита не се откажува од таквите амбиции.
Скопје на стартот на пречекува Дрита, Гостивар му гостува на Вардар Форино, а Велешта има најнезгодно гостување кај Велазерими.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
