
Лидерот Брегалница оствари победа од 2-1 против Победа на Градскиот стадион во Штип на отворањето на пролетниот дел од сезоната во Втората лига Исток. Со пресврт во вториот дел, избраниците на Марјан Секуловски дојдоа до трите бода. Победа поведе со голот на Дарко Грозданоски во 23.минута, израмни Мартин Стојанов, а Дарко Додев во 75.минута се погрижи за пресврт и триумф.
Тиквеш со новиот тренер Пане Блажевски очекуванмо славеше против Росоман со 3-0. Благоја Љамчевски во 15.минута го постигна водечкиот гол, а Едиз Спахиу во финишот беше двоен стрелец.
Кит Го оствари победа (0-2) на гости против Слога Виница. Оливер Христов во првото и Зоран Андонов во второто полувреме беа стрелци на головите за Кит Го.
Кожуф и Плачковица ремизираа без голови, а Осогово и Каменица Саса одираа 1-1.
На табелата, Бреланица е на првата позиција со седум бода предност во однос на Тиквеш.
Standings provided by SofaScore LiveScore

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина
